На луѓето во Осогово не може ништо да им избега со се во тек, па така во тек се и со случувањата околу Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ вчера официјално објави дека ја завршува неговата авантура во ЛА Галакси и тоа го направи во негов стил. Денес мајсторите за социјални мрежи едно видео на Ибра направено во Македонија го искористија за нова промоција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие малку го измонтираа видеото и одново покажаа дека на ова поле им нема рамни кај нас без разлика што се последни на табелата во втората лига на истокот.
Инаку, ова видео е настанато пред 18 години кога Ибрахимовиќ гостуваше кај нас со младата репрезентација на Шведска.
.@Ibra_official има нешто да ви каже!
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) November 14, 2019
Дали ќе ја продолжи кариерата во некоја од ТОП5️⃣ земјите?
Тој со маичка од Осогово веќе одговори ? pic.twitter.com/VReck1ULd4