Ибрахимовиќ се прости од ЛА Галакси и тоа го направи онака како што тој знае.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Можете да го мразите, но не можете да оспорите дека е фудбалер каков што се раѓа еднаш во десет години и дека карактер каков што тешко се наоѓа.
Златан Ибрахимовиќ вчера вечер потврди дека го напушта Галакси и тоа го направија во свој стил. Ибра не откри каде ќе ја продолжи кариерата, но со прошталната порака добро ги насмеа Американците.
„Дојдов, видов, освоив! Ти благодарам Галакси што повторно направи да се чуствувам жив. Навивачи на Галакси: Го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Нема на што. Приказната продолжува…Сега одете и гледајте бејзбол“, напиша Ибрахимовиќ на друштвените мрежи.