Дома Фудбал Мората за црвениот картон против Мајорка: Ако играв за Реал ќе беше поинаку

Мората за црвениот картон против Мајорка: Ако играв за Реал ќе беше поинаку

Aлваро Мората оваа сезона во дресот на Атлетико Мадрид одигра 10 натпревари во Ла Лигаи  постигна пет гола.

Во овој момент 27 годишниот напаѓач игра во одлична форма и на последните шест натпревари во сите натпреварувања постигнуваше голови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мората од почетокот на сезоната пропушти три натпревари во Ла Лига. Две беа поради повреда, а една дојде како казна за црвениот картон во натпреварот со Мајорка.

Тогаш напаѓачот влезе во игра во 69-тата минута и веќе во 77-та мораше надвор од теренот, а после завршувањето на натпреварот беше бесен поради таа одлука.

Шпанецот практично во рок од неколку секунди доби два жолти картони. Првиот го доби поради прекршокот над Кампос, а вториот поради приговорот кон главниот судија.

Сега Мората во изјава за „Радио Марка“ изјави дека сигурно тоа не би се случило ако го носел дресот на својот поранешен клуб, Реал Мадрид.

„Ако играв за Реал Мадрид одлуката во Мајорка кога добив црвен картон сигурно ќе беше поинаква“, изјави Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лучијано Спалети добил понуда работи во Премиер лигата, веднаш одговорил!

Австралиецот Анге Постекоглу, кој неодамна го презеде кормилото на Нотингем Форест од Нуно…