Кога минатата година Клемент Ленглет за 36 милиони евта од Севиља премина во Барселона многумина се сомневаа во францускиот дефанзивец, се тврдеше дека е добар за Севиа, но дека сепак не е калибар на Барселона.
Сепак, Ленгле се покажа како одлично засилувања и стана важен дел од одбраната на Барселона. И покрај тоа што одлично заработува и е фудбалска ѕвезде, Ленгле цврсто стои на земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не го променив начинот на живот. Не бев ѕвезда во Нанси и се уште не се чуствувам така. Секогаш сум бил вреден и поради тоа успеав да дојдам до ова ниво. Морате 100% да се дадете во она што го работите бидејќи само така ќе добиете повратни резултати“.
„Живеам во Барселона и нормално е своите пријатели да не ги гледам толку често. Животот на фудбалерите и општо на спортистите е балон каде што лусксузот ви е на дофат и ако не внимавате може да ве заслепи. Јас кон парите и понатаму се однесувам одговорно. Секако дека добро живеам и можам да си дозволам многу работи без да гледам на цената. Кога одам во ресторан не гледам дали некое јадење е 40 или 400 евра, но граници мораат да постојат. Гледам дека многу играчи купуваат Ферари, тоа е убаво но за мене е само автомобил како и другите и не ме привлекува да потрошам толку пари, ми изгледа како лудост“, изјави Ленгле.
?️ Lenglet habla de su vida personal: "Tengo claro el valor del dinero. Por supuesto, me gano muy bien la vida. Cuando voy al restaurante, si quiero un plato de 40 o de 100 euros no miro el precio. Me permito algunas cosas. Pero comprar un Ferrari, no" https://t.co/OW2xtZXX4F
— MARCA (@marca) November 12, 2019