Дома Фудбал Италија Навивачите на Бреша се свртеа против Балотели: Ако не беше спремен требаше да го отстапиш местото!

Навивачите на Бреша се свртеа против Балотели: Ако не беше спремен требаше да го отстапиш местото!

Продолжува сагата околу расистичкото навредување на Марио Балотели во Верона, а во целата приказна сега се вклучија и ултрасите на Бреша кои директно застанаа на страна на колегите од Верона и го нарекоа Балотели „арогантен“.

Ќе потсетиме, Балотелу ја шутна топката на трибините во поразот од Верон од 2:1 откако ги слушаше навредите на расна основа од трибините. Тренерот Иван Јуриќ, претседателот Маурицио Сети како и градоначалникот на Верона застанаа во одбрана на своите навивачи и тврдеа дека расизам немало, иако звуците јасно се слушаат на снимките.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На сето тоа денес стигна и соопштение од ултрасите на клубот на Балотели и изненадувачки тие застанаа против својот играч.

„Ако Балотели не беше психички спремен да игра против Верона и нејзините навивачи во деликатен натпревар за нашиот град и тренерот Корнини кој беше омилена фигура и се бореше за работата на тој натпревар тогаш требаше местото да го препушти на некој друг помалку арогантен. Никој од нас не би бил потресен поради тоа, напротив“…стои во соопштението од навивачите на Бреша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…