Дома Фудбал Германија „Бомба“ од Германија: Венгер сам се понудил, но добил „корпа“ од Баерн

„Бомба“ од Германија: Венгер сам се понудил, но добил „корпа“ од Баерн

Медиумите во Германија пренесуваат различни вести околу можноста Арсен Венгер да седне на тренерското столче на Баерн Минхен.

„Кикер“ денес пренесе дека работата е готова и дека Венгер уште утре треба да се упати кон Германија и ќе биде назначен за нов тренер на баварскиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, еминентниот „Билд“ пренесува инсајдерска информација и тврди дека Венгер сам го побарал Карл Хајнц Румениге за да му каже дека е заинтересиран за водење на Баерн, меѓутоа добил негативен одговор од првиот човек на клубот.

Румениге му соопштил дека клубот сепак има други планови и дека не планираат да започнат преговори со него, а оваа вест ја потврди и „Скај Германија“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…