Ливрпул претходниот викенд беше блиску до првиот пораз во Премиер лигата оваа сезона.
„Црвените“ гостуваа на Астон Вила и се до 86-тата минута имаа негатива, но на крајот сепак успеаа да победат. Енди Робертсон изедначи, а Садио Мане погоди за пресврт и победа од 1:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така Ливерпул по 35-ти пат во историјата на Премиер лигата стигна до победа во судиското продолжение, десет пати повеќе од било кој друг тим во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Од почетокот на сезоната за Ливерпул тоа беше петти пат да постигнат гол на истекот на времето и тоа доволно зборува за карактерот на овој тим.
Во тунелот на „Вила Парк“ откако се заврши натпреварот Ван Дајк покажа дека бил сигурен во победата на неговиот тим.
Стоперот на лидерот на табелата имаше прилично ладнокрвна реакција.
„Тоа е она што го правиме“, прозборе Холанѓанецот додека камерата го снимаше.
? @VirgilvDijk ? pic.twitter.com/A5vHZCTgmk
— Liverpool FC (@LFC) November 4, 2019