Дома Македонски спорт Мак ракомет ФОТОГАЛЕРИЈА: Мешков не е калибар на Вардар – победа со +5!

ФОТОГАЛЕРИЈА: Мешков не е калибар на Вардар – победа со +5!

Вардар денес го odигра натпреварот против Мешков Брест во рамките од Лигата на шампионите.

И после двата порази од Кил и Веспрем денес барем според играта во првиот дел се најавува победа на македонскиот и европски шампион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од самиот почеток на натпреварот Вардар е во константна предност меѓутоа црвено-црните не успеаа посериозно да се одлепат.

Во текот на целото прво полувреме Вардар одржуваше предност од два-три гола, за на полувреме да замине со 19:17.

Второто полувреме донесе уште подобра игра на Вардар и благодарение на тоа црвено црните го зголемуваа водството. Како што одминуваше времето стануваше јасно дека Мешков денес нема што да бара во Скопје.

На крајот момците на Кокшаров однесоа победа од 36:31. За Вардар ова беше четврта победа во Лигата на шампионите.

Ова е и тоа како важна победа, посебно за самодовербата после двата порази од Кил и Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…