Дома Фудбал Англија Видео: Сити едвај, Ливерпул во последна секунда

Видео: Сити едвај, Ливерпул во последна секунда

Возбудливи натпревари се одиграа попладнево во Премиер лигата, каде Манчестер Сити и Ливерпул стигнаа до победи со пресврт.

„Црвените“ на гостувањето кај Астон Вила лошо го отворија натпреварот, па Трезеге во 21-та минута му донесе предност на домаќините. Меѓутоа тимот на Јирген Клоп не се предаваше до самиот крај.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Робертсон во 87-та минута погоди за израмнување, а Садио Мане после еден корнер во 95-та минута постигна гол за победа и голема радост на „црвените“.

Победа со пресврт запиша и Манчестер Сити, откако Саутемптон дојде до водство во 13-та минута преку Ворд-Праус. „Граѓаните“ се мачеа се до 70-та минута кога Агуеро погоди за израмнување, а победата на Сити му ја донесе Вокер при самиот крај.

Ново разочарување доживеа Арсенал кој на „Емирати“ одигра 1:1 против Вулверхемптон. Њукасл на гости славеше кај Вест Хем со 3:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потсетување на мајсторијата на Васил Рингов против Динамо Букурешт (Видео)

Едно од најистакнатите имиња во македонскиот фудбал, Васил Рингов, почина на 70-годишна во…