Дома Трансфер зона Гвардиола спремен да го пушти Сане следното лето

Гвардиола спремен да го пушти Сане следното лето

Напаѓачот на Манчестер Сити, Лерој Сане може да се пресели во Баерн Минхен по завршување на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.

Баварците преку целото лето беа заинтересирани за 23-годишниот Германец, но никако не можеа да најдат заеднички јазик со Манчестер Сити околу обештетувањето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Билд“ пренесува дека интересот на Баерн се уште е голем и се во постојан контакт со неговиот агент.

За разлика од летото, сега ставот на „граѓаните“ е променет, па Манчестер Сити е спремен да го пушти на крајот на сезоната за сума од 85 милиони фунти.

Сане на првиот меч од сезоната заработи повреда на лигаментите на коленото, па се очекува на терените да се врати дури во март месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…