Дома Фудбал Останато Ова се вика љубов: Пешачел 12 часа за неговиот син да може да игра на Светско првенство

Ова се вика љубов: Пешачел 12 часа за неговиот син да може да игра на Светско првенство

Кадетската репрезентација на Еквадор се натпреварува на Светското првенство кое се игра во Бразил.

Пред самиот пат за Бразил се случи еден неочекуван проблем кога еден од играчите не можел да влезе во авионот. Имено, Силвано Денилсон Естасио Мина бил на листата патници, но не можел да влезе во авионот затоа што бил малолетен и немал дозвола од родител да ја напушти земјата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Неговиот татко бил далеку од градот Кито кога добил порака од синот дека мора итно да дојде на аеродром и да му даде одобрување да патува за Бразил и да игра на Мундијалот.

Силвано Сениор некако успеал да дојде до аеродромот и открил дека тоа го направил така што пешачел 12 часа за да дојде и даде пишана дозвола дека неговиот син може да го напушти Еквадор.

Тој сакал да се качи во авион и да оди до Кито кој бил одалечен 156 километри, но аеродромот поради некоја причина бил затворен. Позајмил мотор од пријател, но тој се расипал после 45 километри, па одлучил дека нема друг избор освен да пешачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…