Дома Фудбал Останато Трагедија во Хрватска: Млад фудбалер загина во сообраќајка

Трагедија во Хрватска: Млад фудбалер загина во сообраќајка

Во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска загина 16-годишниот Зоран Јакиќ, фудбалер на нисколигашот Мрачај од Руновиќ.

Веста за смртта на младиот фудбалер ја потврди и неговиот клуб Мрачај преку социјалните мрежи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


До трагедијата дошло кога возилото излетало од коловозот, а во несреќата се повредени уште четири лица.

Починатиот фудбалер седел на задното седиште на автомобилот, а како што пишуваат медиумите во Хрватска, сите повредени се малолетни, а малолетно лице го возело автомобилот од марката голф.

Мрачај Руновиќ е клуб кој во Хрватска важи за расадник на големи таленти, па првите чекори таму ги направиле фудбалери како Звонимир Бобан, Иван Буљан, Иван Гудељ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…