Јувентус во јануари сака во своите редови да го донесе младиот аргентински играч Матијас Суле.
Овој 16-годишен фудбалер моментално е член на академијата Велез и со својот неверојатен талент го привлече вниманието на фудбалската јавност. Суле се најде на мета на многу клубови, а прв конкретен чекор направи Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јуве веќе поднел барање до ФИФА во јануари да го донесе Суле за кој многумина велат дека е наследникот на Ди Марија.
Италијанските медиуми пренесуваат дека овој тинејџер веќе одлучил да премине во Јувентус и дека неговата мајка веќе бара куќа во Торино. Трансферот на Суле би требало да биде реализиран на почетокот од јануари, а ќе биде дел од јуниорската екипа на Старата дама.