Дома Македонски спорт Мак фудбал Васоски до Шкендија: Го враќате фудбалот назад со децении

Васоски до Шкендија: Го враќате фудбалот назад со децении

Шкендија денес го победи Вардар во Тетово со 1:0 и на тој натпревар беа забележани неколку инциденти.

Тренерот на Вардар, Александар Васоски после натпреварот се огласи на својот Фејсбук профил и остро ги нападна Тетовци нарекувајќи ги срам за македонскиот фудбал.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Ова ли е европска Шкендија??? Ова е срам за македонскиот фудбал. На пет опасни ситуации кога одиме во напад се слуша свирче од трибините, нашите застануваат мислејќи дека е офсајд. .. Гачевски „торпедиран со камења“ во второто полувреме. Се играше со еден фудбал цел натпревар… Го враќате фудбалот назад со децении, секогаш во Скопје сте дочекани коректно, влакно од глава не ви фали. Срамно и жално“, напиша Васоски на Фејсбук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…