Дома Фудбал Поранешниот „ас“ на Рома и Арсенал презадоволен: Тоа што тука го добивам, го нема ниту во Реал!

Поранешниот „ас“ на Рома и Арсенал презадоволен: Тоа што тука го добивам, го нема ниту во Реал!

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Рома, Жервињо, не размислува за враќање во Европа бидејќи во Кина заработува огромна сума на пари.

Жервињо после заминувањето од Рома кариерата ја продолжи во Хебеи Фортун во кинеската лига и нема намера во блиска иднина да го менува својот клуб, а кога беше објавено колку заработува, јасно е зошто сака да остане во Кина.

Пред неколку дена се објави дека Лавеци е најплатениот фудбалер на светот, но Жервињо воопшто не е далеку од него. Играчот од Брегот на Слоновата коска во својот договор со кинескиот клуб има две неверојатни клазули.

„Заработувам 130.000 фунти ако постигнам гол, покрај тоа уште 50.000 фунти за секој одигран натпревар. Тоа во Европа е невозможно да го добиете, па дури и да играте за Реал Мадрид”, изјави Жервињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Половина од головите на Вила се негови: Џексон му праќа порака на Челси

Николас Џексон постигна пет гола во осум премиерлигашки настапи за Астон Вила, откако лето…