Дома Фудбал “Петарда” за одбрана на титулатата!

“Петарда” за одбрана на титулатата!

Фудбалерите на Бенфика го декласираа тимот на Гуимараеш во натпреварот од претпоследното коло во португалската Примера.

Клубот од Лисабон со победата од 5:0 на домашен терен ја одбрани титулата во португалското првенство. Бенфика така стигна до 36 титула во својата клупска историја, четврта во низа, што е прв пат во нивната историја.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Големото славје  во 11 минута го најави Черви, вториот гол беше дело на Хименез, она што е интересно е што при овој гол асистираше голманот на Бенфика Едерсон. До крајот на полувремето мрежата на гостите се тресеше уште два пати за веќе убедливи 4:0.

“Петардата“ ја комплетираше Жонас во 67 минута од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтлетико има голем план: Ќе потроши 165 милиони евра за двајца Аргентинци!

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид подготвува терен за доведување на нов централен бек, а зн…