Mладите каратисти направија одлични резултати на Светското првенство.
На 11-тото Светско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, нашите млади репрезентативци направија одлични резултати, што се меѓу најдобрите во историјата на младинските светски првенства. Нашиот кадет Бојан Костов во категоријaта -52кг повторно се закити со медал за освоено трето место. Бојан за својот резултат најпрво ги совлада натпреварувачите од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето беше 0-0, но по судиското изјаснување подобар беше противникот од Јордан, кој освои златен медал. Висок пласман оствари и нашиот најдобар млад натпреварувач во кати Александар Неделковски, кој се бореше за медал и заврши како 5-ти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во конкуренција на помлади сениорски (У21) Ангела Мојсовска во категоријата -68кг исто така го освои петтото место совладувајќи ја во првото коло претставничката од земјата домаќин Барбара Хуакиман со резултат 3:2, во второто коло со 2:0 ја совлада противничката од БиХ Илма Рахмановиќ, но во третото коло изгуби од русинката Илма Исаиева со резултат 1:7. Во репасажните борби Мојсовска најпрвин убедливо беше подобра од Унгарката Дора Чагани со 3:0, а во борба за бронзениот медал беше поразена со 1-9 од Американката Скајлар Лингл.
Исто така и Вероника Костовска имаше одличен настап и успеа да ги совлада во првото коло претставничката од Хрватска Лаура Фуцик со 3:1, во второто коло ја победи бразилката Оливеира Таис со 1:0, победа извојува и во третото коло против Азара Марија од Белорусија со 2:0. Во четвртото коло загуби од русинката Ана Родина со 7:1 а откако таа не уепеа да влезе во финалето, Костовска немаше среќа да учествува во репасаж во борба за медалите.
Доан Османи во својата категорија од -75кг во првото коло го победи натпреварувачот Абулеифа Хамза од Палестина со 4:0 а во вториот круг изгуби против претставникот од Данска со 1:3. Фахик Весели во категоријата -67кг изгуби во првото коло против претставникот од Србија со 0:1. Во категоријата ката женски Владанка Аврамова го освои 31 место.