Дома Фудбал Останато Денот кога фудбалот остана без творецот на бајката наречена Лестер

Денот кога фудбалот остана без творецот на бајката наречена Лестер

На денешен ден пред една година фудбалот претрпе една голема загуба.

Фудбалскиот свет загуби едно ЧОВЕЧИШТЕ, човек кој направи чудесен подвиг и со условно кажано сиромашен буџет им покажа на гигантите во Англија дека не е се во парите. Таа 2016 година ќе остане запаметена кај сите спортски фанови и луѓе кои го сакаат фудбалот – тимот од Чемпионшип ги фрли на колена гигантите во Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Приказната за Лестер вечно ќе живее, а со тоа и името на Вичај Шривадханапраба.

Вичај Лестер го купи во 2010 година, за една година подоцна да стане и претседател на клубот, во 2011 го наследи Милан Мандариќ.

Помеѓу останатите потези, тој во 2012 година во клубот, ги доведува тогаш анонимците Вес Морган (денес капитен на Лестер), Дени Дринквотер и Џејми Варди.

Морган пристигнува од Кидермистер, Варди од Флитвуд, Дринквотер од Барсли, тие се приклучуваат на Каспер Шмајхел синот на легендарниот голман кој дресот на Лестер го облече една година пред нив (пристигна од Лидс).

vichaj

Во тоа време сигурно ниту самиот Вичај не беше свесен дека ги прави првите потези во градењето на тим кој неколку години подоцна ќе испише историја и приказна која ќе се прераскажува на генерации и генерации…

Во наредните години на овие тогаш „анонимци“, исклучок на Шмајхел (поради неговиот славен татко) им се придружуваат Нголо Канте, Марк Олбрајтон, Кристијан Фукс, Ријад Марез, Леонардо Улоа… за во 2015 година да пристигне и – Клаудио Раниери. Секако, заслуги имаат и останатите но ова беа најважните играчи во таа шампионската сезона во која секој го даде максимумот за да ги изненадат од нив многу побогатите ривали.

Својата големина Вичај ја покажа кога после освојувањето на титулата ги награди фудбалерите со најновите модели на БМВ, иако воопшто не беше обврзан да направи нешто такво. Единствено Клаудио Раниери во договорот имаше одреден бонус за освојување на шампионската титула.

Каков однос имал овој човек со играчите во клубот, посебно со оние „староседелците“ веројатно најдобро говори постапката на Каспер Шмајхел. Голманот на Лестер прснал во плач и се упатил на местото на несреќата, а таму бил задржан од безбедностите служби и стаписан од глетката, знаејќи дека такво нешто скоро и да не е возможно да се преживее.

Бајката која овој човек ја изгради е едно огромно ЧУДО во модерниот фудбал во кој гигантите се расфрлаат со милиони и неговиот лик и дело градот и клубот никогаш НЕ СМЕЕ ДА ГИ ЗАБОРАВИ!

ВИЧАЈ ШРИВАДХАНАПРАБА, ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА БАЈКАТА КОЈА НИ ЈА ПОДАРИ, ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОЛЕМ ЧОВЕКУ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез: Да не беа Намгија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше „Златна топка“

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за „Златната топка“ која заврши во…