Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс беше дел од златното време на овој тим од ерата на Сер Алекс Фергусон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гигс во дресот на Манчестер Јунајтед ја помина целата своја кариера и освои се што можеше да се освои. Откако пред пет години ја заврши кариерата одлучи да се посвети на тренерската работа и во овој момент е селектор на Велс.
Велшанецот во Манчестер Јунајтед играше со фантастични фудбалери, беше и дел од тимот кога во Јунајтед настапуваше Кристиано Роналдо.
Во разговор за магазинот „ДАЗН“ доби прашање да избере кој е подобар играч, Роналдо или Меси.
„Многу е тешко да се споредуваат Роналдо и Меси. Би сакал да кажам дека Роналдо е најдобар бидејќи играв со него и го гледав како се развива, но Меси едноставно е гениј. Меси е тип на играч каков што се појавува само еднаш во историјата. Тешко е да се одлучи помеѓу нив двајца, меѓутоа едноставно со Меси не може никој да се споредува“, изјави Гигс.