Дома Трансфер зона Тотенхем во Барселона ја пронајде замената за Ериксен

Тотенхем во Барселона ја пронајде замената за Ериксен

Тотенхем е силно заинтересиран за младиот играч на Барселона, Карлос Алења, во кого гледа идеален наследник на Кристиан Ериксен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е веќе познато Ериксен одби да го продолжи договорот со „спарси“ и ја игра последната сезона во Тотенхем, па раководството веќе почна да му бара замена.

21-годишниот играч за врска има само 45 одиграни минути оваа сезона и тоа во првото коло од Примера. Тоа го убеди Покетино дека има голема шанса да го донесе Алења во своите редови во јануари.

Фудбалерот исто така е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, бидејќи е јасно дека на „Камп Ноу“ тешко ќе се избори со конкуренцијата.

Неговиот договор со Барселона истекува во 2022 година и Каталонците немаат проблем да го пуштат, но ќе сакаат во договорот да има „бај-бек“ клаузула во следните две години.

Во спротивно Тотенхем ќе мора да ја плати откупната клаузула која изнесува 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…