Македонската фудбалска репрезентација на последните два меча забележа еден пораз и една победа, што беше доволно да напредува на ФИФА ранг листата.
Македонија сега е на 68-то место на ФИФА рангирањето со 1.344 бодови во октомвриската ФИФА ранг-листа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред македонската селекција на листата, од 65. до 67. место се Словенија, Албанија и Обединетите арапски емирати. Од репрезентациите кои се во нашата квалификациски група за пласман на ЕП 2020, најдоброрангирана е Полска на 21. место додека Австрија е на 25-та позиција.
На врвот на листата нема промени, Белгија останува лидер пред Франција, Бразил и Англија.
ТОП 10 листата ја комплетираат Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија, Аргентина и Колумбија