Реал Мадрид оваа сезона игра слабо, а една од главните причини за слабите резултати на „кралевите“ е сигурно голманот Тибо Куртоа.
Едноставно е несватливо како голман од светска класа има повеќе примени голови, отколку одбранети шутеви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Куртоа оваа сезона настапи на 9 меча на кои прими 12 гола, а уште по изненадувачки звучи фактот дека успеал да одбрани само 11 шутеви.
27-годишниот Куртоа во Челзи бранеше одлично како и за белгиската репрезентација. Беше избран за најдобар голман на Мундијалот 2018 година, но во Мадрид е само бледа сенка.
„Очигледно е дека не спаси во првото полувреме. Среќни сме поради тоа, еден ваков меч му беше потребен, тој ни донесе три бода“, изјави Зидан за Куртоа после победата над Галатасарај.
Меѓутоа, шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ веќе бараат замена за Белгиецот и ќе се обидат да го обезбедат потписот на голманот на Атлетик Билбао, Унај Симон.
22-годишниот голман брани одлично, член е на младата шпанска репрезентација и важи за еден од најперспективните голмани во Европа.
Во неговиот договор има откупна клаузула од 50 милиони евра, па „кралевите“ се спремни да ја активираат следното лето.