Марио Манџукиќ минува низ својот најлош период од кога е во Јувентус.
Хрватскиот напаѓач во 2015 година пристигна од Атлетико во Торино и од тогаш запиша 162 настапи во дресот на „старата дама“ и постигна 44 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа работата се промени откако Маурицио Сари го превзема Јувентус. Сари јасно му стави до знаење на Манџукиќ дека не смета на него.
Неодамна беше на чекор од трансфер во Катар, но тој трансфер пропадна во последен момент и неговата агонија продолжи.
Сепак, тоа може да се промени со оглед на тоа дека британски „Сан“ пишува дека Манџукиќ се согласил на двојно помала плата за да премине во Манчестер Јунајтед.
Манџукиќ во овој момент заработува 347.000 неделно и наводно е спремен да прифати 170.000 за да се пресели на „Олд Трафорд“.
„Неговите претставници се во контакт и спремни се да ги променат своите барања. Ќе бидат вклучени и други бонуси во договорот. Изгледа дека наскоро би можело се да биде договорено. Манџукиќ е играч по вкусот на Оле“, пишува Сан.