Дома Фудбал Tрагедија во семејството на Погба, го пропушта натпреварот против Тотенхем?

Tрагедија во семејството на Погба, го пропушта натпреварот против Тотенхем?

Екипата на Манчестер Јунајтед во четвртокот успеа да обезбеди пласман во финалето на Лигата на Европа во кое ќе игра против Ајакс.

Меѓутоа, најскапиот фудбалер во светот, Пол Погба, не можеше долго да ужива во успехот на неговиот тим. Имено, само неколку часови подоцна, Французинот го погоди вест за смртта на неговиот татко Фасоуа Антонио Погба.

Таткото на Погбанеколку месеци се наоѓаше во болница поради здраствени проблеми, а почина на 79 годишна возраст.

Манчестер Јунајтед утре го игра дербито против Тотенхем и мали се шансите Погба да настапи на овој натпревар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за левата страна: Скаутите го следат Нагида од Рен

Младиот камерунски бек е меѓу опциите за засилување на одбраната на Јунајтед, но неговиот …