Дома Македонски спорт Мак ракомет Тренерот на Вардар се уште е во шок и нема објаснување!

Тренерот на Вардар се уште е во шок и нема објаснување!

После трите победи над Монпеље, Порто и Мотор Запорожје на стартот од сезоната бранителот на титулата во Лигата на Шампоините, Вардар претрпе два убедливи порази од Кил во Скопје и од Веспрем во Унгарија.

Спортскиот директор и нов тренер на Вардар, Едуард Кокшаров изјави дека е во шок од моменталната ситуација, но ја посочи најслабата точка на „црвено-црните“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Вистината е дека бев во шок, дури и сега не можам да дадам објаснување за натпреварот во Веспрем. Немав време за анализа, веднаш по крајот на мечот, тргнав за Москва. Јасно е дека немавме никаква помош од голманите, имавме постојани проблеми и недоразбирања во одбраната и му подарувавме лесни топки на противникот. По враќањето во Скопје, ќе гледам видео од мечот и детално ќе анализирам. Дури тогаш ќе донесам заклучок“, изјави Кокшаров за руските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…