Никлас Зуле се повреди во натпреварот помеѓу Аугусбург и Баерн и на крајот се покажа дека повредата е потешка отколку што се мислеше на почетокот.
Зуле поради кинење на лигаментите на десното колено ќе го пропушти остатокот од сезоната, а освен што тоа е лоша вест за Баерн е и за репрезентацијата на Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, според денешните информации на германските медиумите тој нема да биде спремен и за Европското првенство кое се игра наредната година.
„Ова е катасатрофа! Како што сега стојат работите сезоната за него е завршена, а може да го заборави и Европското првенство“, изјави потпретседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге.
И Хасана Салихамиџиќ е разочаран поради ситуацијата во кој се најде Зуле.
„Многу ми е жал што се случи таа повреда. Операцијата беше успешна, разговарав и со Никлас и докторот Кристиан Финк. Ќе мора напорно да работи за да се опорави“, порача Салихамиџиќ.