Фудбалерите на Тотенхем и Вотфорд ремизираа 1:1, но тој резултат можеше да биде поинаков ако главниот судија досудеше пенал за Вотфорд во финишот на полувремето.
За употребата на ВАР во Англија сега зборуваа легендите на англискиот фудбал – Алан Ширер и Фил Невил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Снимката од спорната ситуација од лондонското дерби не остава дилема дали Вертонген го удри Делофеу, но од ВАР собата сметаа дека тоа не е доволно за пенал.
„Сите ние сакаме ВАР во Премиер лигата правилно да се користи, но не се користи кога е потребно. Навистина никако не можам да разберам зошто е одбиена идејата судијата да ја погледне снимката. Зошто имаме екрани покрај теренот ако судијата не ги користи?“, запраша Ширер.
„ВАР одлично се користеше на машкото и женското Светско првенства. За разлика од таму во Англија имаме хаос и ситуацијата мора да се среди затоа што ни е неопходен“, додаде Фил Невил.