Дома Фудбал Германија Баерн ги потврди лошите вести: Еден од најважните паузира 8 до 10 месеци!

Баерн ги потврди лошите вести: Еден од најважните паузира 8 до 10 месеци!

Баерн имаше лош натпревар после враќањето од репрезентативната пауза.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Баварците испуштија два бода на гостувањето кај Аугусбург (2:2), а во 12-тата минута останаа без еден од најважните играчи во одбраната, Суле.

Стоперот на Баерн незгодно доскокна и веднаш се фати за левото колено со болна гримаса на лицето. Остана да лежи на подот и на негово место во игра влезе Алаба.

Клубот денес официјално потврди дека станува збор за повреда од сериозен карактер како и што се претпоставуваше. Суле мора на операција и ќе биде надвор од терените помеѓу осум и десет месеци.

Инаку, Суле во кариерата имаше една потешка повреда, во сезоната 2014/2015 кога го носеше дресот на Хофенхајм. Тогаш беше надвор од терените 203 дена и пропушти 22 натпревари на германскиот прволигаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Витиња застана пред камерите, телефонот не престануваше да ѕвони, па откри кој го бара упорно (Фото)

Паметен натпревар вчеравечер одиграа ПСЖ и Бајерн во полуфиналето од Лигата на шампионите …