Maнчестер Јунајтед и Ливерпул денес од 17:30 го играат дербито на колото во Премиер лигата.
Иако станува збор за најголемиот натпревар на англискиот фудбал, се освен победа на Ливерпул би било прилично изненадување со оглед на огромната разлика во квалитетот во овој момент. Освен тоа Солскјер се соочува со голем број повреди, додека во Ливерпул се очекува да се врати Алисон Бекер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите не паметат кога последен пат Ливерпул ваков фаворит кога гостувал на „Олд Трафорд“.
Солскјер пред натпреварот порача дека Јунајтед нема да му бидат потребни 30 години да се врати, алудирајќи на времето на кое Ливерпул е без титула.
„Ние ќе одиме на победа, нема да се задоволиме со реми. Сигурен сум дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе се врати и ќе се бори за титулата. Нас сигурно нема да ни требаат 30 години. Еден добар резултат, една голема победа може многу да промени. Ние сме Манчестер Јунајтед и играме на сите три бода без разлика кој е противникот“, изјави тренерот на Јунајтед.