Дома Фудбал Англија Важен потпис на „Енфилд“: Матип останува верен на Ливерпул!

Важен потпис на „Енфилд“: Матип останува верен на Ливерпул!

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип потпиша нов договор со клубот и се обврза на верност до 2024 година со „црвените“.

Матип се етаблираше како првотимец во тимот на Клоп и беше еден од клучните играчи на Ливерпул минатата сезона во освојувањето на Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Ливерпул дојде од Шалке во 2016 година, до сега има одиграно 107 меча и заедно со Ван Дајк го формира еден од најдобрите дефанзивни тандеми во Европа.

„Мило ми е што сум дел од овој прекрасен клуб. „Кога гледате однадвор, знаете дека Ливерпул е голем клуб. Но, кога сте внатре во клубот, навистина ја сфаќате големината. Клубот има навивачи низ целиот свет. Секој фудбалер би сакал да игра за ваков клуб“, изјави 28-годишниот Камерунец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миралем Пјаниќ објави крај на неговата кариера

Играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ објави дека ја завршува својата кариера на 35 годин…