Дома Фудбал Останато Милнер објасни како е да се чува Меси

Милнер објасни како е да се чува Меси

Фудбалерот на Ливерпул Џејмс Милнер беше гостин во „Би-Ти Спорт“ и во таа прилика помеѓу другото зборуваше и за она што му се случуваше минатата сезона.

Милнер не го пропушти и незаборавното полуфинале против Барселона, многумина ќе кажат дека тоа беше најважниот натпревар за Ливерпул.

Ливерпул успеа да анулира негатива од три гол на „Енфилд“ и со триумф од 4:0 се изборија за финале. Милнер сега објасни како е да се чува Лионел Меси.

„Резултатот во првиот натпревар не беше фер. Меѓутоа фудбалот е таков, не е секогаш праведен. За противник имавме играч како Лео Меси. Тешко е да се чува затоа што морате да трчате најбрзо што можете и во исто време да внимавате да не направи да изгледате глупаво“, објасни Милнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тони Крос без дилема: „Златната топка треба да му припадне на Кварацхелија“

Тони Крос нема дилема кога е во прашање овогодишниот избор за „Златната топка“. Германскат…