Дома Фудбал Репрезентации Левандовски: На Македонија и дозволивме само удари од далечина

Левандовски: На Македонија и дозволивме само удари од далечина

Вчера Македонија претрпе пораз од Полска и така шансите за пласман на ЕП преку квалификациите сега се само теоретски, реално изгледа скоро невозможно.

Првата ѕвезда на Полска Роберт Левандовски вчера не постигна гол, но затоа запиша две асистенции во второто полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Токму во моментите од второто полувреме кога изгледаше дека се ослободуваме и покажавме дека можеме нешто да направиме Полјаците во неколку минути ни дадоа два гола.

Левандовски како капитен не го криеше задоволството од победата која нив им го обезбеди пласманот на ЕП.

„Вечерва клучен фактор беше трпеието. Кога играте вакви натпревари потребно е да не брзате. После првото полувреме сфативме дека имаме игра и шанси и дека голот ќе дојде. На Македонија и дозволивме само да шутира од далечина. Имаме тим кој треба уште да се развива, се надевам дека во иднина ќе бидеме и подобри“, изјави напаѓачот на Баерн после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти пред вечерашниот натпревар: Малкумина од вас новинарите веруваа дека ќе го одржам овој прес денес

Малкумина од вас овде веруваа дека ќе го одржам овој прес, но успеавме“, изјави Карло Анче…