Репрезентацијата на Македонија утревечер во Варашава од 20:45 часот ќе го игра осмиот квалификациски натпревар против Полска.
Полска на наш терен без некоја игра успеа да не победи, а сега ние се надеваме дека ќе им вратиме, а со победа ќе останеме во игра за пласман на ЕП преку квалификациите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа пред овој натпревар Ангеловски има нови проблеми. Адеми, Тричковски, Алиоски и Ристовски се соочуваат со повреди.
„Имаме проблеми како и пред Словенија. Ќе чекам до последен момент за да видам на кого ќе можам да сметам. Ристовски, Адеми, Алиоски и останатитек ои се соочуваат повреди знаат дека ова е голем момент и ќе дадат се од себе да помогнат. Горд сум што имам такви играчи и навистина ме восхитуваат“.
„Полска е силна репрезентација, знаеме против кого играме. Но јас велам, не е важно против кого, туку за што играме, а играме за нешто големо. Полска е првиот фаворит во групата, можеби не сме фаворити, но не можат да ни ја одземат борбата. Знам дека оние кои утре ќе излезат на терен ќе дадат се од себе да дојдеме до посакуваната цел“, изјави селекторот.
Фото: ФФМ