Дома Фудбал Останато Ако нешто не се промени Меси нема да може да влезе во Велика Британија!

Ако нешто не се промени Меси нема да може да влезе во Велика Британија!

Велика Британија преку референдум донесе одлука дека повеќе нема да биде член на Европската унија и се очекува оваа одлука наскоро да биде спроведена.

Граѓаните на Велика Британија одлучија дека сакаат да ја напуштат ЕУ, а тоа може да предизвика хаос во светот на фудбалот. Англиските медиуми го земаат за пример Лионел Меси на кого Брегзит ќе му биде голем проблем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, доколку Велика Британија излезе од ЕУ Меси нема да може да игра во земјите од Обединетото Кралство. Политиката е таква да во Велика Британија можат да влезат само државјани на ЕУ кои имале проблем со законот, но оние кои немаат пасош на држава од ЕУ и имале проблем нема да можат.

Познато е дека Меси беше прогласен за виновен поради затајувањето данок во Шпанија и поради тоа плати околу 15 милиони евра.

Ова значи дека: Ако Велика Британија излезе од ЕУ, а Барселона игра против некој клуб од Обединетото Кралство тогаш Меси нема да може да игра кога неговиот тим ќе гостува.

Постојат голем број фудбалери кои имале проблеми со затајувањето на данок и се прогласени за виновни. Сите оние кои немаат пасош на некоја земја од ЕУ нема да можат да влезат и да играат на тлото на Велика Британија.

УЕФА сигурно ќе се обиде да го реши овој проблем поради Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Засега вака стојат работите ќе видиме какво решение ќе пронајдат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…