Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба надвор од теренот ќе биде долго време по добиената повреда.
Австрискиот репрезентативец заработи повреда во првото полувреме во победата од 7:2 против Тотенхем во рамките на второто коло од Лигата на Шампионите по судирот со Серж Орие. Алаба беше присилно заменет во Лондон поради силна болка, а првичните прогнози од лекарите говорат дека ќе отсуствуа долго време од теренот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Од Баерн не објавија точно време за тоа колку ќе отсуствува, но јасно е дека фудбалерот нема да го гледаме на зелениот терен долго време.