Дома Фудбал Останато Награда за Рибери која покажува дека за него годините се само број

Награда за Рибери која покажува дека за него годините се само број

Искусниот француски фудбалер, Франк Рибери по 12 години го напушти Баерн Минхен и кариерата ја продолжи во Фиорентина.

Рибери имаше договор со Баерн кој истече на крајот од минатата сезона, а откако што не доби понуда за продолжување одлучи да се обиде во Серија А и потпиша за Фиорентина. Се чини дека овој 36-годишен фудблаер направи одличен потег со доаѓањето во Фиренца и веќе ги воодушеви навивачите на овој клуб. Рибери на шест натпревари постигна два гола и запиша една аситенција.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дека годините се само број за него докажува фактот дека Рибери е прогласен за најдобар играч во Серија А за септември. Оваа награда ќе му биде врачена пред почетокот на натпреварот помеѓу Фиорентина и Удинезе. Треба да се додаде дека минатиот викенд Рибери беше одличен во победата на Фиорентина на „Сан Сиро“ против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одржана седница на Управниот одбор во ФФМ – донесени важни одлуки!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор, на која беа…