Дома Фудбал Останато Покетино одговори на шпекулациите за заминување од Тотенхем

Покетино одговори на шпекулациите за заминување од Тотенхем

Тотенхем е во многу лоша серија на резултати, на последните 25 натпревари во сите натпреварувања победија на само 9, а загубија на дури 11 натпревари.

Тоа доведе до разни шпекулации за можното заминвуање на тренерот Покетино кој во интервју за „Sky Sports“ зборуваше за својата иднина. Тој истакна дека нема никаква намера да го напушти клубот, бидејќи по неговото мислење, доколку го напушти клубот, ќе ја остави екипата на цедило.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Изјави дека е лесно да се води екипа која победува, но и дека мора да дојде до падови во играта. Исто така изјави дека има многу доверба во своите играчи, иако дури тројца првотимци, Вертонхен, Ериксен и Алдервеирелд влегоја во последната година од договорот. Покетино додаде дека тие даваат се од себе и дека е сигурен дека тие играчи ќе ги продолжат своите договори.

На крајот, Покетино изјави дека не би му пречело во Тотенхем да помине уште пет години и дека дури тоа би го сакал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алкараз поразен во финалето во Барселона, го изгуби и второто место на АТП

Холгер Руне, дански тенисер, го освои АТП турнирот во Барселона. Во финалната пресметка по…