Дома Фудбал Останато Најлудата анегдота за Ибра: Отишол да потпише за Милан, па завршил во Интер!

Најлудата анегдота за Ибра: Отишол да потпише за Милан, па завршил во Интер!

Поранешниот италијански фудбалер, Федерико Балзарети раскажа една анегдота поврзана за Златан Ибрахимовиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако има многу приказни раскажани за Ибрахимовиќ и неговата кариера, Балзарети носи интересна приказна од периодот кога тој и Златан играа заедно за Јувентус.

„Ручавме со екипата на Јувентус и тогаш ни рече дека после ручекот оди да потпише за Милан. Кога се врати, го прашавме како помина, а тој одговори: ‘Добро сум, потпишав за Интер’. Тоа никогаш нема да го заборавам“, изјави Балзарети.

Кој знае што тогаш мислел Златан, па наместо за Милан, потпишал за Интер, но сеедно подоцна стана и член на Росонерите. Балзерати играше за Јуве од 2005. до 2007. година, додека Швеѓанецот во Торино беше од 2004. до 2006. година, а потоа потпиша за Интер, па играше во Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и денеска е член на Лос Анџелес Галакси

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…