Дома Фудбал Италија Фантастични вести за Јуве, „бјанконерите“ со сите сили на Реал!

Фантастични вести за Јуве, „бјанконерите“ со сите сили на Реал!

Фановите на финалистот од Лигата на шампионите можат да воздивнат, Сами Кедира не е потешко повреден.

Германецот ќе биде спремен за спектаклот во Кардиф. Кедира заработи повреда на задната ложа во натпреварот против Монако, но после деталните прегледи се покажа дека не се работи за ништо сериозно.

Кедира реваншот против францускиот претставник мораше да го напушти после само 10 минути игра.

„Добри вести. Повредата не е сериозна, ќе одморам неколку дена, а потоа повторно ќе бидам на располагање“, потврди Кедира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Премиерлигашка ѕвезда се повлече од репрезентацијата на Швајцарија пред натпреварот со Македонија

НОА ОКАФОР (26), напаѓач на Лидс, донесе одлука привремено да се повлече од швајцарската р…