Дома Фудбал Гнабри е поранешен „арсеналовец“ па после четирите гола не пропушти да им „удри“ сеир (ФОТО)

Гнабри е поранешен „арсеналовец“ па после четирите гола не пропушти да им „удри“ сеир (ФОТО)

Серж Гнабри вчера имаше своја вечер и постигна дури четири гола во победата на Баерн од 2:7 против европскиот вицешампион.

И да биде уште поинтересно херојот Гнабри во минатото го носеше дресот на најголемиот ривал на Тотенхем, Арсенал. Добро познато е какво ривалство владее во Северен Лондон, а Гнабри како поранешен играч на „топџиите“ не си дозволи да пропушти да „удри“ сеир на стариот ривал.

После четирите гола во мрежата на „петлите“ Гнабри се огласи нa Tвитер и само кратко напиша – Северен Лондон е црвен!

Јасно неговиот потег беше поздравен од навивачите на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија ја урна Франција по 64 години – во Брисел ќе се решава за врвот

„Аѕурите“ со пресврт славеа со 3-1 на „Сан Сиро“ и го презедоа првото место. Победа над Бе…