Познатиот француски хирург, Фелипе Менаше, човекот кој го лекуваше Михаел Шумахер во болницата во Париз се огласи во врска со медиумските натписи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неколку европски таблоиди пишуваа дека Менаше користел експеремиентална терапија. Сега тој се одлучи да се огласи во јавноста.
„Не сум волшевник и не правам чуда. Мојот ти ми јас не експериментираме, тој термин не постои и не одговара на она што всушност е медицината“, изјави Менаше за „Марка“ и додаде:
„Се случи вистинска експлозција после медиумските пишувања, но ситуацијата се нормализираше. Многу напредувавме во последните 20 години, меѓутоа и понатаму не знаеме многу за матичните ќелии“, заклучи Менаше.
Ќе потсетиме, пред повеќе од пет години Михаел Шумахер настрада на одморот со синот Мик на скијањето на француските Алпи и од тогаш во медиумите за него се знае многу малку.