Дома Фудбал Лига на шампиони „Кралевите” на чекор од „кралско” достигнување!

„Кралевите” на чекор од „кралско” достигнување!

Вечерва на програмата е реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу градските ривали од Мадрид

Реал во првиот натпревар на „Бернабеу” славеше со убедливи 3:0. На тој натпревар Кристиано Роналдо запиша хет-трик со кој стигна до бројката од 102 погодоци во најелитното европско натпреварување.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Интересно е што само 22 тима во историјата на ова натпреварување постигнале повеќе погодоци од Португалецот.

Со оглед на тоа дека во своите редови го имаат најдобриот стрелец во историјата на ова натпреварување и не зачудува податокот дека се тим со најмногу постигнати погодоци во Лигата на шампиоите. Реал вечерва ќе има шанса да стигне до бројката од 500 погодоци.

Листата на најефикасни клубови во ова натпреварување.

Реал Мадрид – 498

Барселона – 459

Баерн Минген – 415

Манчестер Јунајтед – 350

Арсенал – 281

Јувентус – 263

Челзи – 249

Милан – 231

Порто – 218

Лион – 187

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

УЕФА го суспендираше херојот на Турција

Херојот на Турција од осминафиналето со Австрија, Мерих Демирал, доби суспензија од два на…