Дома Фудбал На малерите им нема крај – Меси пак се повреди!

На малерите им нема крај – Меси пак се повреди!

Најдобриот фудбалер за 2019 година на вечерашниот натпревар против Виљареал повторно заработи повреда.

Ѕвездата на Барса, Лео Меси вечерва за прв пат заигра оваа сезона откако се опорави од повредата.

Сепак, вечерва нов шок на Камп Ноу. Аргентинецот пред крајот на првиот дел заработи нова повреда, потоа се врати да го доигра полувремето, но по консултациите со лекарскиот тим беше одлучено дека мора да биде изваден од игра.

Во текот на утрешниот ден се очекува подетални информации за неговата повреда, но се претпоставува дека се работи за истата повреда и првите прогнози се дека ќе биде надвор од теренот дваесетина дена.

Инаку, Барса вечерва славеше над Виљареал со 2:1, а стрелци на головите беа Гризман и Артур за домашниот тим, додека Казорла стрелаше за гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…