Дома Фудбал Дембеле се враќа во тимот на Барса, Ракитиќ исфрлен (фото)

Дембеле се враќа во тимот на Барса, Ракитиќ исфрлен (фото)

Еден од најскапите фудбалери во историјата на Барселона, Осман Дембеле е повикан за утрешниот меч против Виљареал во Ла Лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дембеле се рехабилитираше од повредата, веќе два дена тренира со остатокот од тимот, па доби зелено светло од лекарскиот тим за настап.

Французинот се здоби со повреда на бутниот мускул уште во првото коло од Примера против Атлетик Билбао.

Валверде пак ги исфрли од тимот Иван Ракитиќ и Карлес Перез, кои играа на мечот против Гранада и се покажаа во лошо светло. Поради повреда не се повикани уште Самуел Умтити и Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул потврди за Конате, тој се обрати со порака

Од Ливерпул ја потврдија веста дека Ибраима Конате го напушта клубот како слободен агент. …