Поради слабиот старт на новата сезона на Каталонците се повеќе се зголемува притисокот врз тренерот Ернесто Валверде.
Според весникот „АС“ Валверде се наоѓа пред отказ и раководството веќе му дало ултиматум.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Имено, тој мора да победи на следните два натпревари во лигата, па доколку загуби бодови ќе добие отказ. Наведените натпревари кои можат да му пресудат се пресметките дома со Виљареал и на гости кај Гетафе.
Притоа, Каталонски „Спорт“ утрово објави дека Валверде ја изгубил поддршката од големиот дел од играчите, кои очигледно сакаат промена и нов тренер, исто како и навивачите.
Но, на спротивната страна, Валвердер има доверба кај управата. Зад него стои првиот човек на клубот Жозеп Мариа Баромеу.
Сепак, доколку не освои шест бода во наредните два меча, би можел да добие отказ од „Камп Ноу“.