Дома Фудбал Италија „Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ“

„Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ“

Играчите на Болоња повторно се спремни да се борат за Синиша Михајловиќ.

Болоња оваа сезона игра добро, посебно беше мотивирана од болеста на тренерот Синиша Михајловиќ, а карактер покажа минатиот викенд кога ја победи Бреша со 4:3, иако губеше со 3:1.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска следува домашниот натпревар против Рома и нова шанса да се покаже вистинското лице и Миха да се чуствува горд.

„Неговата болест не силно подигна и направи силна врска помеѓу нас и тренерот.“ – изјави играчот на Болоња, Никола Сансоне за Скај Спорт Италија.

„Го сакаме тренерот бидејќи е многу искрен и ни се допаѓа таа искреност. Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за нашиот господин Михајловиќ. Дефинитивно не беше задоволен од нашето прво полувреме против Бреша, така да тоа мораше да го надокнадиме во вториот дел.“ – порача Сансоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…