Дома Македонски спорт „Брат виде ли како ги тепавме среде Словенија – многу ми е мерак“

„Брат виде ли како ги тепавме среде Словенија – многу ми е мерак“

Македонските одбојкари денес направија чудо!

Репрезентацијата на Македонија денес ја победи Словенија, иако ретко кој очекуваше пред почетокот на натпреварот. Словенците денес ги победивме со 1:3.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од самиот старт се забележа дека Македонија денес е максимално мотиврана да ги изненади фаворизираните Словенци. Првиот сет го добивме со 24:26.

Во вториот сет после голема борба и неколку наши пропуштени меч топки успеавме да славиме со 28:30. Третиот сет го доби Словенија.

Четвртиот сет изгледаше дека ќе го загубиме и ќе влеземе во петти сет, но за наша среќа тоа не се случи и однесовме голема победа

После натпреварот следуваше еуфорија во микс-зоната, а една од изјавите кои привлекоа најголемо внимание беше онаа на капитенот Ѓорѓиев.

„Брат, виде ли како ги тепавме среде Словенија – многу ми е мерак! Претходно со нив два пати водевме со о 2:1 и губевме сега тоа ни се врати. Верувам ќе играме уште подобро. Премногу сум среќен, ми доаѓа да заплачам, но немам солзи од замор. Ова беше најдобриот натпреварот“, изјави Ѓорѓиев за МРТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …