Дома Трансфер зона Лорис призна дека размислува да го напушти Тотенхем

Лорис призна дека размислува да го напушти Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, Уго Лорис откри дека пред да ја заврши кариерата планира да игра за друг клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот голман има договор со Тотенхем до 2022 година, но очигледно размислува да го напушти клубот каде игра веќе осум сезони.

„Не мислам дека ќе бидам во Тотенхем до крајот на кариерата. Се уште имам договор со Тотенхем и ќе направам се за го извлечам максимумот таму. Меѓутоа, човек исто така треба да знае кога е време да се каже „стоп“. Ме интригира идејата да пробам нешто ново“, изјави Лорис.

„Не знам точно каде би одел, можеби надвор од Европа. Се уште не планирам, ќе видеме што ќе донесе времето. Можно е да се преселам во МЛС лигата“, додаде Французинот.

Лорис има 33 години, ова му е осма сезона во Тотенхем и се уште не освоил ниту еден трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…