Дома Фудбал Италија Голем гест: Цел тим на Болоња после пресвртот се појави пред болницата на Михајловиќ (ВИДЕО)

Голем гест: Цел тим на Болоња после пресвртот се појави пред болницата на Михајловиќ (ВИДЕО)

Болоња вчера запиша голема победа на гостински терен и покрај тоа што на полувремето губеше со 3:1 на крајот овој тим победи со 3:4.

Родриго Паласио откри дека за нивниот менталитет во вторите 45 минути имала пораката од Михајловиќ која ја добиле на полувремето.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Михајловиќ беше бесен. На полувремето ни испрати порака, а ние се обидовме да го пренесеме на терен она што ни беше кажано. Благодарение на неговиот менталитет успеавме да одиграме вакво полувреме“, изјави Паласио.

После натпреварот фудбалерите одлучија да го изненадат својот тренер, па се појавија пред болницата во која тој се лекува.

Нив не им беше дозволено да влезат кај него, па под прозорецот го скандираа неговото име. Навистина потег кој ги заслужува сите пофалби – браво момци!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тен Хаг: Ако не ме сакаат во Јунајтед, ќе освојувам трофеи на друго место

Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Манчестер Сити во финалето во ФА-купот и го крена…