Синиша Михајловиќ нема да биде на клупата на Болоња во деншниот натпревар во Серија А.
Болоња денес и гостува на Бреша. Михајловиќ во првите две кола ја водеше Болоња од клупата, но пред овој натпревар мораше да се врати во болницата за да го започне вториот циклус од хемотерапијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Михајловиќ во предсезоната ги следеше натпреварите и тренинзите преку видео линк, па таков ќе биде случајот и во денешниот натпревар.
„Нема страв, веќе се навикнавме на ваквите услови во текот на предсезоната. Јасно дека отсуството на Синиша е хендикеп, но верувам дека нема да се одрази на нивото на игра на тимот, играчите го чуствуваат присуството на Синиша“, изјави Мирослав Тањга, асистентот и кум на Михајловиќ.
Тој откри дека Михајловиќ им испратил порака пред денешниот натпревар.
„Бараше од нас да тренираме секоја минута како да е последна и да се спротиставиме храбро на ривалот, како и да го искористиме нашиот квалитет. Бреша е солиден тим со јасна структура. Се надеваме на позитивен резултат“, изјави асистентот на Михајловиќ.
Денешниот натпревар помеѓу Бреша и Болоња се игра со почеток од 15:00 часот.